Политика

Димитров оптимист дека С. Македонија ќе отпочне преговори со ЕУ (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред вечерата во Брисел помеѓу лидерите на Европска Унија и од Западен Балкан алудираше на слетувањето во главниот град на Белгија и нашите обиди за почеток на преговори со Унијата.

– Кружевме три пати пред да слетаме. Затоа можам тоа да го споредам со нашите обиди да почнеме преговори. Имавме три Европски совети на коишто не можевме да слетаме. Се надевам ќе успееме во четвртиот обид. Јас морам да ја претставувам Северна Македонија наместо претседателот или премиерот, истакна Димитров.

Тој посочи дека денешното донесување на Законот за Јавно обвинителство е одлична вест.

– Успеавме да го донесеме и последниот закон кој ги отстранува сите сомнежи поврзани со нашиот случај. Тоа е Законот за Јавно обвинителство што беше усвоен со двотретинско мнозинство. Ова е добар ден за земјата, за правната држава и за граѓаните како и за европската иднина на Северна Македонија, потенцира Димитров.

Балкан.

Поврзани вести

Предлогот на Париз за методологијата нецелосно прифатлив за Социјалдемократите во ЕП

Stefanija Kuzmanovska

ССМ: Социјалниот дијалог функционира и се носат мерки во интерес на вработените и граѓаните

Влатко Зорба

Пленковиќ: Мојот аргумент е да им дадеме шанса и да почнеме преговори со С.Македонија и Албанија

Влатко Зорба

Ангелов: Доколку ВМРО ДПМНЕ се искрени во намерата, Ковачки еден ден да го именуваат за директор на БЈБ

Влатко Зорба

Курти ќе бара нова истрага за „Диво Насеље“

Влатко Зорба

Димковски: Откако ја презедовме власта се соочивме со громорозна слика во земјоделието

Влатко Зорба