Политика

Димитров: Со ВМРО-ДПМНЕ не постојат ни теоретски шанси за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е кандидат за пратеник од СДСМ и носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, на синоќешната трибина во Скопје порача дека срамота е луѓето од опозицијата кои беа спремни да ја нападнат својата држава, за да бегаат од одговорност, да зборуваат денес за правда. Димитров вели дека токму тие 18 месеци преговараа за Законот за јавно обвинителство, за да ја избегнат правдата и покрај барањата на ЕУ тој закон а биде донесен.

– Препораката на Европската комисија, во 2016 година ја изгубија. Перспективи нула. Заглавени во слепа улица. Со пријатели помалку од една рака. Не се ни шепкаше за нас во ходниците на НАТО. Безнадежен случај во Брисел, во европските институции. И играње на меѓуетнички тензии. Да не заборавиме што беше контекстот за нападот во Собранието, вели Димитров.

Според него, ЕУ заедно со програмата на коалицијата „Можеме“ е најдобриот компас и пат за економијата, за животната средина и за инфраструктура, уверувајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ не постојат ни теоретски шанси за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.

– И сите вие што не сте задоволни од нашево туркање напред, турнете не’ сега во среда. За да немаме тегови на нозете! За да трчаме напред!, посочи Димитров и ги повика сите граѓани за заокружување на бројот 3.

Поврзани вести

Македонски концепт ќе бара криминализација на лажни политички ветувања

Влатко Зорба

СДСМ: Спас на секое работно место, помош на секоја компанија е наша задача и цел

Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ: Секојдневно се зголемува бројот на починати и заболени, а масовно тестирање нема

Берта Китинска

ДОМ: Нашите пратенички гласаа против рамниот данок

Влатко Зорба

Жбогар: Уште еден важен чекор за Северна Македонија на патот кон ЕУ

Почнува враќањето на граѓаните затекнати во странство

Влатко Зорба