Политика

Димитров телефонски разговараше со Логар за решавање на проблемот на македонските превозници

На барање на македонска страна, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар, соопшти МНР.

Честитајќи му ја новата функција, Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат македонските превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање.

Двајцата министри се договорија дека ќе вложат максимални напори за да се направи се’ што е во надлежност на министерствата за надворешни работи од регионот, како би се забрзал транспортот.

Во меѓувреме, нашата амбасада во Словенија прави напори да се обезбедат македонските превозници со вода и храна.

Министерството за надворешни работи и понатаму останува на располагање на сите наши граѓани преку координативното тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми и прави максимални напори за надминување на овие ситуации, се наведува во соопштението.

Поврзани вести

Неодговорна е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за потврдување на вонредните состојби, смета Заев

Берта Китинска

Пендаровски: Во новата Влада очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети

Берта Китинска

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори

user4

Пет руски митови за НАТО и Ковид-19

Берта Китинска

Конференција „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“

Влатко Зорба

Заев: Оставката е поднесена

Никола Поповски