Политика

Димитров во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

Како што соопштуваат од МНР, министерот Димитров денеска ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и министерот за надворешни работи на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

– Работниот појадок, непосредно пред одржување на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе претставува можност министерот Димитров да ги запознае колегите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со последните политички случувања во земјата, со фокус на клучните приоритети поврзани со владеењето на правото, како и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија. Воедно ќе го повтори барањето Советот што е можно поскоро да постигне согласност за новата преговарачка методологија и без понатамошно одлагање да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, посочуваат од МНР.

Во рамки на посетата на Брисел, министерот Димитров ќе се сретне со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување, со шефот на кабинет на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со шефот на кабинет на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Од МНР информираат дека предвидени се средби и во Европскиот парламент со претседателот на групата Обнова на Европа, Дачијан Чолос и со повеќе европратеници.

Поврзани вести

Јанушев: На листите на ВМРО-ДПМНЕ ќе има некомпромитирани кадри

Мицкоски: Не сум ги делел докторите на ваши и наши, се сложувам со констатацијата „наместо да фрлевте 600 милиони за болници, отколку за споменици“

Филипче: Грижата за пациентите е нашиот врвен приоритет, го унапредуваме здравствениот систем (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев добива влада со стари и истрошени кадри

Никола Поповски

НаКС: Државата да сфати дека поддршката и вложувањето во образованието е најисплативата инвестиција

ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема капацитет да се справи со епидемијата