Политика

Директорката на инфективна: Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но не смееме да дозволиме да биде паничен

Многу малку знаеме за КОВИД-19, инфекцијата и болеста се сериозно непредвилдиви – само тоа е сигурно. Сепак, досегашното искуство покажа дека 80 отсто од пациентите развиваат многу благи симптоми или воопшто не ги забелeжуваат. Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но, не смееме да дозволиме да биде паничен, рече директорката на Инфективната kлинина, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема“.

Според неа, се уште неодговорени прашања се и дали излечените пациенти повторно можат да заболат од коронавурус, кои лекови се најдобри, зошто е вака кај едни, а онака кај други луѓе. Препораката е, оние што се испишани од болница по два последователно негативни тестови, уште 14 дена да останат во домашна изолација.

Стевановиќ уверува дека ниту еден пациент во земјава не е оставен без максимална нега и грижа. Се прават максимални напори за да се спаси сечиј живот. Какви ќе бидат статистиките, не се знае. Пандемијата прво треба да заврши и сега приоритет е лекувањето.

-За жал, се зголемува бројот на пациенти кои развиваат тешки клинички слики. Пет се на механичка вентилација, а повеќе од нив имаат тешки пневмонии и се на кислородна поддршка. Сепак, има и пациенти кои се во фаза на излекување. Но, ова не е вистинската слика за КОВИД-19 зашто на Инфективната клиника се хоспитализираат најтешките случаи, напомена директорката.

Поврзани вести

Милевски: До крајот на јануари ќе донесеме одлука дали ќе ја продолжиме коалицијата со СДСМ

Влатко Зорба

Манчевски: Следен пат кога ќе се повикува на проекти од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Стаменковска-Стојковски претходно да ги провери резултатите од тие проекти

Влатко Зорба

Заев: Не барам податоци за истраги, но чесно и одговорно е да го информирам потенцијалниот инвеститор

Влатко Зорба

Шекеринска: Техничка Влада- затоа што ние ги почитуваме законите, затоа што ние ги исполнуваме договорите

Ибраим: Состојбата со „Ковид-19“ во општина Центар Жупа се стабилизира

Влатко Зорба

Деспотовски: Многу лесно забораваме одредени лекции од минатото

Влатко Зорба