Политика

Доделени 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во Клинички центар

Владата додели 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје со цел обезбедување на поефикасно функционирање и укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од коронавирусот и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

– Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, информираат од владината прес-служба.

Средствата утврдени со оваа уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.

Поврзани вести

За Џафери нема можност за свикување на Собранието

Влатко Зорба

Димитров: Нашето однесување и мерките кои ги превземаме се од огромно значење за државата

Влатко Зорба

Има желба за разговори и консензус, но нема поместувања во однос на разликите за датумот за избори

ССМ се залага за спроведување на концептот на Меѓународната организација на трудот за пристојна работа

Влатко Зорба

СДСМ: Со конкретни економски мерки се бориме за секое работно место, обезбедуваме приходи за сите граѓани

Берта Китинска

Александрова: Со новиот закон не сакаме да зголемиме нечиј бизнис со пелети

Влатко Зорба