Политика

ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

ДОМ денеска преку соопштение сподели дека остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник.

„Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен! Предложениот ДУП неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност со ГУП-от.

Дополнителен проблем би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.

Укажуваме и на обврската за почитување на одредбите од Законот за урбано зеленило, за заштита на зеленилото и обезбедување најмалку 20% зеленило на градежна парцела.

Имајќи го предвид ургентниот проблем со аерозагадувањето и климатските промени, ДОМ предлага наместо градежна, зелена експанзија во Расадник. Наместо нови згради, да се направи парк во овој дел на градот“, велат од ДОМ.

Поврзани вести

Спасовски: Интересите на државата да преовладаат над личните, партиските и бизнис интереси

Влатко Зорба

МОН и СОНК утре повторно на маса за платите, опцијата за штрајк останува

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ предизборно тактизира и одолговлекува со решавање на проблемот на стечајците

Влатко Зорба

Обвинение: Груевски, Вељановски, Јанакиевски, Бошковски, Атанасовски и Ристовски го испланирале и финансирале упадот во Собранието на 27 април

Влатко Зорба

Карл Билт: Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот спор за името, требаше да биде предуслов Северна Македонија да го започне европскиот пат

Maja_Serafimova

Мицкоски: Добро е што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне процесот за интегрирање кон ЕУ (ВИДЕО)

Влатко Зорба