Политика

ДОМ: Веднаш да запрат градежните активности во Старата скопска чаршија

Зелената партија ДОМ преку соопштение остро се спротивстави на градежните активности во Старата скопска чаршија.

„Чаршијата е културно историско јадро и симбол на градот Скопје и секоја интервенција влијае на нејзиниот изглед и автентичност. Неслучајно со Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година, чаршијата е прогласена за културно наследство од особено значење и е под заштита на државата.

ДОМ бара надлежните институции, Управата за заштита на културното наследство, НУ Конзерваторски центар-Скопје и Општина Чаир детално да ја информираат јавноста за “Проектот за ревитализација на Старата скопска чаршија”. Дали промената на калдрмата и витрините е според законските прописи и правила за заштита на културно наследство и дали се планира автентична реконструкција според историски извори?

Дополнително, ДОМ смета дека во овој период на корона криза, трошењето на финансиски средства за ваква намена е непродуктивно и неодговорно.

Затоа, бараме градежните активности во чаршијата веднаш да запрат, а средствата да се пренаменат за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата!“, соопштуваат оттаму.

Поврзани вести

Апасиев: Во новата влада се ставени луѓе со гола амбиција и накитена просечност

Славески: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е компактна, со прецизни рокови и проценка на буџетски средства

Стоилковски: По примерот на „Мавровка“, да се упатат багерите и на Попова Шапка (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Спасовски: Двојно повеќе пари за повратот на персоналниот данок со новата развојна економија

Лидерите од Западниот Балкан во акција за задржување на младите во матичните земји

Шеќеринска за предложениот датум за избори од опозицијата: Кој експерт ќе гарантира дека во август ние ќе немаме нови заболени и поголеми ризици?