Политика

ДУИ: Опозицијата да ги напушти ходниците на македонските партии

Напуштањето на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии и посетите на штабовите на македонските партии, од страна на партиите кои ги загубија изборите на 15 јули, е продолжување на поделбата на Албанците, дефокусирање од поразот и уништување на преговарачките позиции на албанскиот победник на парламентарните избори, вели ДУИ во своето денешно соопштение.

„Од крајот на изборниот процес, овие партии неколку пати ги сменија ставовите во обид да избегнат одговорност меѓу нивните субјекти за новиот пораз. Тие се обидуваат својот партиски неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци со тоа што ќе стојат во ходниците на македонските партии со единствена цел да не сносат одговорност пред партиските тела за нивниот нов неуспех. Ние во ДУИ ќе продолжиме да ги каниме да се обединат и ќе ја водиме оваа борба решително затоа што обединувањето во здрава и национална опозиција е во интерес на сите“, велат оттаму.

Оваа определба, ДУИ и Али Ахмети ќе ја продолжат и покрај пречките за создавање на достоинствена опозициска алтернатива која нема биде заслепена од желбата за власт, се вели уште во реакцијата на ДУИ.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева и нејзините блиски, може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија

Влатко Зорба

Спасовски: Сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени

Влатко Зорба

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различен став за избори на 5 јули, ДУИ е за датум со консензус

ЕВБ: Зеленото светло претставува придобивка и за двете земји кандидати

Мицкоски: Кога се сретнав со Кичеец не знаев дека е вмешан во случајот „Рекет“

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека оваа власт на Заев единствено организирана била кога се работи за криминалот