Политика

ДУИ за новонастанатата ситуација ќе се консултирала со експерти „кои не се под политичко влијание“

Централниот изборен штаб на ДУИ денска преку соопштение посочи дека во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите процени и одлуки ќе ги преземе во согласност со препораките на експертите, кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје.

– Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормала и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина задолжително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена.

Поврзани вести

Пендаровски очекува покана за почеток на пристапните преговори со ЕУ

user3

Поповски го осуди нападот на новинарите

Влатко Зорба

Пендаровски: Владата да објасни зошто се дава бизнис со канабис на синот на осудениот за шверц Боро Стојчев

Усвоени измените на Законот за евиденциите од областа на трудот

Stefanija Kuzmanovska

Заев утре во Солун на средба со Мицотакис и претставници на грчки компании

Влатко Зорба

Сојузот на одгледувачи на овци не го поддржува денешниот протест

Влатко Зорба