Политика

ДУНА со реакција: Доколку не постоеше нашата апликација, резултатите ќе се броеја рачно

„Апликацијата на ДУНА поврзана со изборниот процес на предвремените парламентарни избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт. Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на Државната Изборна Комисија, каде беше поставена нашата апликација, беше цел на хакерски напад. Ние успешно ја завршивме работата. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно“, објаснува Александар Пајковски од ДУНА.

Според него, апликацијата е подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

ДУНА е компанијата која ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати.

„Нашата апликација е беспрекорна, но интернет страницата беше атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави“, додава Пајковски.

Делот од стајтот https://rezultati.sec.mk/ на кој треба јавно да бидат објавени податоците за резултатите и излезноста од гласањето за предвремените парламентарни избори сѐ уште не функционира поради, како што соопшти претседателот на ДИК Оливер Деркоски, надворешниот хакерски напад.

Поврзани вести

Шекеринска се сретна со војвотката Кејт Мидлтон (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Силјановска: Бомбите кажуваат дека дошле со лажни ветувања

Влатко Зорба

Спасовски: Членството во НАТО е обезбедено

user4

Мицкоски: Се познавам со Александар Верушевски, тој е голем патриот

Спасовски: Во Арачиново инфраструктурните проекти се реализираат во континутитет

Османи и Димитров: Хрватското претседателство со ЕУ може да биде историско за регионот

Влатко Зорба