Политика

Ефтимов: Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот произлегува од „сваровски судијата“

На денешното рочиште во Граѓанскиот суд Скопје беше отфрлена тужбата на обвинителката Вилма Рускоска против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Полномошникот на обвинителката Рускоска, адвокат Панче Ефтимов, по објавување на пресудата рече дека ќе чекаат да го добијат образложението на изработената пресуда и соодветно на истото ќе се жалат.

– Според нас исполнети се условите за утврдување на клевета и одговороност за клевета, но ќе видиме судот како размислувал и што било намерата. Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот произлегува дека „сваровски судијата” избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против нив што го избрале и се уште го држат за уши, рече адвокат Ефтимов.

Поднесената тужба за клевета од страна на обвинителката Вилма Рускоска, произлезе од последната изборна кампања на коалицијата „За обнова на Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде таа во две рекламни спотови „Криминална приказна” и „Штаб на лагите” се прикажува во негативен контекст.

Висината на штета кој го бараше обвинителката Вилма Рускоска, во овој случај изнесуваше 615 илјади денари.

Поврзани вести

Муцунски: Контрадикторно е СДСМ да бара избори, а Филипче да предлага продолжување на вонредната состојба

Муцунски: Барате да го подржат бројот три, а во три години имате направено три амнестии

ДОМ домаќин на следниот Совет на европските зелени

Влатко Зорба

СДСМ: Градот Скопје и во услови на пандемија гради со засилено темпо

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ излезе со сет мерки кои се селективни и носат помалку пари во стопанството (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев денес се задолжува за нови 42 милиони евра

Александар Петровски