Политика

Есмеров: Мицкоски во моментов е легален, но повеќе не е ЛЕГИТИМЕН претседател на ВМРО

Христијан Мицкоски во моментов е легален, но повеќе не е ЛЕГИТИМЕН претседател на ВМРО. Имам впечаток дека се наоѓаме во една Дејвид Линчовска Кружница на Театралноста, а во која „подршката“, која нелегитимниов ја добива од структурите на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на тоа дека Извршниот комитет ги избира членовите на Централниот комитет, а членовите на Централниот комитет ги избираат членовите на Извршниот комитет, а сите нив заедно ги предлага Мицкоски, човекот кој ги изгуби сите одржани и неодржани, а планирани изборни циклуси, вели Игор Есмеров, поранешен амбасадор на земјава во Унгарија и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Локално.

Додава и дека голем број членови одбиле да бидат дел од новиот ИК.

Моите информации од внатре, говорат дека околу 200 истакнати членови ја одбиле понудата на Мицкоски да бидат дел од новиот состав на Извршниот комитет и со тоа испратиле јасна порака до него. Колку ја разбрал, дали ја разбрал и зошто не ја разбрал оваа јасна порака не знам, но во многу брзо време ќе треба некој математички прецизно да пресмета како тоа ќе се рефлектира на следните Локални избори, на кои партијата треба да изнедри многу квалитетни кандидати, вели Есмеров.

Лично се залага за мирна разрешница на партиска криза, која би се случила преку едно демократско изјаснување на вонреден конгрес со истиот состав на делегати од претходниот конгрес, на кој би имал право, но и обврска да си ја потврди сопствената подршка и доверба и Христијан Мицкоски, но и секој оној кој се чувствува способен и кој ги исполнува кртитериумите определени со партискиот статут.

Посочи и дека новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде некоја личност која ќе има одредени карактеристики од Груевски и Георгиевски.

– Новиот Председател на ВМРО треба да биде партиски обединител каков што беше Никола Груевски, да ги познава меѓународните текови, светската геостратегија и историските вистини каков што беше Љубчо Георгиевски и да го нема несериозниот пристап кон вистината и лагата на Христијан Мицкоски

Поврзани вести

Спасовски: Правда за сите, европска администрација, сигурност, јасна визија и просперитет

Влатко Зорба

Мицкоски по лидерската средба: Нема да има митинзи, согласно забраните од Владата

Влатко Зорба

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи „Викенд без ДДВ“ од 10 до 12 октомври

Никола Поповски

Димитров за НАТО: Темелот и покривот на нашиот дом ни се обезбедени

Влатко Зорба

Џафери-Бенгтсон: С. Македонија и Шведска ќе продолжат да ги развиваат и унапредуваат меѓусебните односи

Александар Петровски

Заев на средба со Ветингтон од ИРИ: САД и натаму остануваат врвен стратешки сојузник