Политика

Европски Зелени: Преговарачката рамка да се усогласи што е можно побрзо, народот во С.Македонија трпеливо чека долго време

Шефот на партијата на европските Зелени, Рајнхард Бутикофер, смета дека не смее да се попречува одлуката за датум за преговори со Северна Македонија со оглед на огромниот напредок што го оствари земјата, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова е ставот на групата на европските Зелени во Европскиот Парламент, чиј претседател, Бутикофер, вчера се сретна со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој во изјава за МИА порача дека Зелените имаат „многу јасен“ став во однос на отпочнувањето преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија, како и во однос на воздржаноста на Бугарија поради билатерални несогласувања.

– Сакаме преговарачката рамка со Северна Македонија да се усогласи што е можно побрзо. Народот во Северна Македонија трпеливо чека долго време, тој даде поддршка за важни и храбри чекори, чекори во одредена смисла без преседан, за да се помогне отворањето на вратите кон формално вклучување на Северна Македонија во европското семејство на нации, изјави Бутикофер.

Во однос на бугарскиот меморандум испратен до земјите членки во кој се бара решавање на одредени билатерални несогласувања пред да се усвои преговарачката рамка, шефот на Зелените изјави дека тоа „не е од помош“.

– Тешкотиите кои се појавија неодамна треба да се надминат. Не веруваме воопшто дека би било од помош да се доведува во прашање содржината на Преспанскиот договор и Преспанскиот дух. Јас сум оптимист дека наскоро ќе биде постигната едногласност по ова прашање, нагласи Рајнхард Бутикофер во изјавата за МИА.

Поврзани вести

Предвремените парламентарни избори на 15 јули, предизвик ќе биде излезноста на гласачите

Димовски оптимист дека денеска ќе се избере државен ревизор

Влатко Зорба

Трет ден кампања, партиите продолжуваат со активности на терен

Пендаровски: Пораката на Манифестот од НОВ дека слободата, правдата, еднаквоста се можни само преку единство важи и денес

Влатко Зорба

Мицкоски: Ветуваме по 800 милиони денари за спортот, културата и образованието

Николоски: Ми ласка што најкримогените луѓе во државата сакаат да се видат со мене на судење

Никола Поповски