Политика

Фетаи побара од Министерството за правда одговори за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

На денешното ново рочиште на „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро треба да почнат да се презентираат 133.000 СМС-пораки и други транскрипти.

Обвинителката Фатиме Фетаи се обрати до Министерството за правда, со цел добивање одговор за екстардицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово.

„Доколку може да добиеме конкретен одговор од Министерството за правда дали воопшто е започната постапка за екстрадиција и дали нешто преземаат косовските власти. Сите досега добиени одговори беа исти, постапката е во тек“, рече Фетаи.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Поврзани вести

Заев од Куманово: Со овие седници сме поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа

Влатко Зорба

Сугарев именуван за в.д. генерален директор на ФЗО

СДСМ: Ќе го зголемиме опфатот на приматели на социјална помош на 34.000 домаќинства

Влатко Зорба

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Светлечка реклама на Кале за прв премиер Албанец на државава (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Судијата во „ТНТ“: Тони денес да молчи, да одмара и никој да не го гњави

Влатко Зорба