Политика

Филипче: Двајца тестирани пациенти немаат коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека пациентката со коранавирус на Инфективна се чуствува добро, има лесна клиничка слика, нема знаци за компликациии и се лекува во делот за изолација.

Двајцата пациенти коишто ги тестирале во текот на денот имале негативни резултати за коронавирус, станува збор за еден возач на товарно возило кој што дошол од Северна Италија и една наша сограѓанка којашто допатувала од Рим.

– Во овој момент се очекуваат тестовите на уште едно лице кое што дошло од Рим и кое што се јавило на Инфективна со знаци за грип. Тестовите ќе стигнат за час и половина по што ќе се информира јавноста, вели Филипче.

Надзорот, односно изолацијата, според него добро се спроведува во домовите на сите кои што биле сопатници на пациентката која што се лекува од коронавирус и контактите, односно луѓето со кои направиле контакт во претходниот ден.

– Тој надзор ќе се прави во следните 14 дена, а во следните денови ќе се идентификуваат и другите објекти од страна на центарот за управување со кризи, утре ќе се посетат за да се подготвиме со дополнителни капацитети долку треба да се смени изолацијата од домашна во некоја институција, посочи министерот.

Поврзани вести

Калевска-Ванчева: Законот за Јавно обвинителство обезбедува ефикасна борба против корупцијата

Муртезани: Треба најбрзо што можеме да ги добиеме и пуштиме во употреба новите локомотиви

Влатко Зорба

Николоски за 360 степени: Борисов и екипата настапија крајно непрофесионално и тенденциозно (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Судските расправи во Кривичниот суд ќе се снимаат со опрема донирана од САД

user3

Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ: Да бевте одговорна политичка партија, веднаш ќе го стопиравте паралелниот увоз на инсулин

Влатко Зорба

Европратеници бараат одлука за почеток на преговорите со С. Македонија пред изборите