Политика

Филипче го прогласија за витез, нека внимава да не стане џелат, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на „Топ Тема“ изрази сомнеж околу тоа зошто министерот за здравство Венко Филипче би сакал да ја продолжи вонредната состојба и посочи дека неговите мотиви се можеби политички.

-Јас во лекарот Филипче имам доверба. Но, ова е политичко барање. Зошто? Затоа што вие не можете да зборувате за избори, а истовремено да барате продолжување на вонредната состојба. Тие две работи не идат паралелно. Тие две работи се контрадикторни. Ќе разберев ако одевме со наративот „ја победивме пандемијата, херои сме“ и така нататаму и се ќе беше во ред. Немаме луѓе кои што го губат животот, процентот на новозаболени е под 3 отсто и тогаш да, дајте луѓе да зборуваме за датум кога ќе се одржат изборите. Затоа велам тоа што го збори Филипче е лицемерие. Јас немам дилеми во неговата стручност, но за жал Филипче плови во води и заедно со претседателот на СДСМ прават грешка. И се плашам дека од епитетот витезот, да не го добие епитетот џелатот“, посочи Мицкоски.

Поврзани вести

Османи: За справување со Ковид 19, помош пристигнува од сите страни на светот

Берта Китинска

Николовски: Можеби одложувањето на изборите е желба на ВМРО ДПМНЕ за да купат уште малку време

Никола Поповски

Во тек е средбата на Заев со претседателите на партиите од коалициските партнери на СДСМ

Влатко Зорба

Пендаровски се сретна со Шаленберг: Принципиелна поддршка на Австрија за членство на С. Македонија во ЕУ

Влатко Зорба

Петковски за повикот на Ахмети во Хаг: И Шешељ го викнаа како сведок па остана како обвинет

За измени на Законот за употреба на јазиците нема Бадентерово мнозинство