Политика

Филипче: Капацитетот на вработени во здравството низ цела држава е зголемен за најмалку 10 проценти

Како и изминатите 2 години продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата, опремата, системот и во вработувањата, пред се на младите во здравството, истакна претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, на трибината „На прав пат“ во Струга.

„Нема потреба младите лекари да размислуваат да заминуваат во странство, тие тука треба да останат да работат, да се надградуваат и да пружаат здравствени услуги за нашиот народ“, рече Филипче, и нагласи дека тоа се овозможува со мерката сите доктори што ќе завршат медицински факултет, да добијат платено работно место за 6 месеци, а од идната година тоа ќе се зголеми на цела година.

Тој додаде дека  се дадени над 5 илјади согласности за вработувања во здравствените установи во државата така што нема здравствена институција, каде капацитетот на вработени не е зголемен за најмалку 10 проценти.

Филипче се осврна и на другите мерки за унапредување на здравството, како укинувањето на квотите за лекови, зголемување на капиталијата на матичните лекари, нови лекови за ретки болести, нови типови на инсулин.Тој најави дека  започнува проектирање  на нова општа болница на Струга, која ќе се гради на патот за Ќафа сан.Следната недела започнува реконструкција на покривот на централот за дијализа во Струга, кој наскоро треба да добие 5 нови апарати за дијализа, најави Филипче на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Поврзани вести

Положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повод 11 Октомври

Влатко Зорба

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за три дена во земјава, од 22 јуни целосно функционална за следење на изборите

Спасеновски за „360 степени“: Ова е период на наше национално зреење

Влатко Зорба

ФИТР: Двојно зголемен бројот на поддржани компании на повикот објавен во мај

Влатко Зорба

Николовски најави демонстрации, Костадиновски му реплицираше: „Одамна ги најавувате протестите кои никаде ги нема“

Берта Китинска

За СДСМ е прифатлив предлогот Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи