Политика

Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ: Да бевте одговорна политичка партија, веднаш ќе го стопиравте паралелниот увоз на инсулин

„Со прес-конференцијата, ВМРО-ДПМНЕ само се разобличи самото себе. Граѓаните дознаа дека претходната влада набавила инсулини од паралелен увоз без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификат“, реагира министерот за здравство Венко Филипче на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние го уништивме истиот тој инсулин од стоковите резерви, набавен додека ДПМНЕ беше на власт. Неодговорно е и нечесно пред сѐ према самите себе, а потоа и за пациентите да манипулирате со такви информации. Да бевте одговорна политичка партија која вистински се грижи, веднаш ќе го стопиравте паралелниот увоз и ќе им овозможевте на пациентите да имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет.

Сега, пациентите имаат инсулини кои се оригинални и квалитетни, а не се од паралелен увоз. Покрај тоа, воведовме три нови инсулини и го зголемивме буџетот за оваа група пациенти. Покажавме дека пациентите ни се на прво место!“, се додава во реакцијата на Филипче

Поврзани вести

Заев: Фер и праведно општество не е можно без силно и праведно правосудство, време е за правда

Влатко Зорба

Тасевски: Началниците назначени од Чулев се срамат од своите постапки

СДСМ: Ја јакнеме приватната потрошувачка, 100.000 граѓани добиваат платежни картички од 9.000 денари

Заев – Задорожњук: Развој на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка

Александар Петровски

Богојески: Сите политичари кои ветуваат враќање на името манипулираат со граѓаните

Муцунски: Контрадикторно е СДСМ да бара избори, а Филипче да предлага продолжување на вонредната состојба