Политика

Гаши: Не можеме да бидеме дел од иста влада со ДУИ

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во „Само Интервју“ на Канал 5 изјави дека многу е важно формирањето на Владата да биде засновано врз основа на легитимет. Рече дека поради исходот од изборите, им дозволиле на ДУИ да преговараат за Влада. Смета дека ДУИ нема да отстапи од своето барање за премиер на државата да биде Албанец.

– На изборите, во албанскиот дел зборувам, имаше два концепти. Првиот беше за премиер Албанец, а вториот беше држава за сите. Ние направивме програма, излеговме пред граѓаните со нашата понуда. Ние тогаш кажавме дека тоа е маркетиншки трик и тоа е неизводливо сега во моментов, и не само што не е изводливо, туку и не е некој голем интерес на Албанците, рече Гаши.

Делот со бројките за создавање на владата, посочи, е одговорност на мандатарот.

– Ние сме тука и чекаме ако имаме понуда да бидеме дел од владата. Нормално ние би влегле и би преговарале ако ДУИ не успеат со премиерот, тогаш ние би ги почнале преговорите за нашата програма. Делот со бројките за создавање на владата е одговорност на мандатарот. Тоа е одговорност на тој што победил изборите. Ние во овој дел не би можеле да помогнеме. Единствено што може да направиме е да ги понудиме нашите пратеници да гласат за Влада, за која мислиме и веруваме дека ќе биде во интерес на граѓаните, изјави Гаши.

Гаши исто така зборуваше и за најавите дека може да има широка влада со сите албански партии во власта, за што наведе дека е многу е битно тие од мандатарот да добијат понуда и да преговарат за програмата и форматот.

– Ние не сакаме да бидеме дел од влада со каква било политичка партија. Кога ќе дојде на маса таа понуда програмата и форматот, (значи која друга партија би била) тогаш би имале јасен одговор. Во 2018 година пред потпишување на Преспанскит договор, како политичка партија и лидер сметавме дека кога државата е на крстопат. Многу е битно сите граѓани и политичките актери да покажат на која страна на историјата биле кога се решавале битните прашања. Тогаш влеговме да помогнеме со едно министерство и без голема одговорност. Сега ситуацијата е поинаква. Политичката слика кај Албанците почна да се искристализира. Неколку партии веќе ја менува. Од една страна е ДУИ, од друга страна нашата коалиција, и мораме да бидеме внимателни освен за делот кој ќе биде дел од власта, треба да внимаваме и за опозицијата, истакна Гаши.

Битно, според него, е Албанците да имаат здрава опозиција, како што вели, или ДУИ или тие како коалиција.

– Затоа ние не можеме да бидеме дел од иста влада со ДУИ овој пат, посочи Гаши.

Прашан дали може Алтернатива да се договори за влада без Алијанса за Албанците, Гаши рече дека тоа не може да се случи во никој случај.

Поврзани вести

Заев: Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Заев со сочувство до Конте по повод жртвите од поплавите во Венеција

Влатко Зорба

Блок: Северна Македонија треба да преземе уште еден важен чекор, а тоа е Законот за ЈО

Влатко Зорба

Петровски: Мицкоски дојде во теретаната да си ја земе опремата и да го усогласиме програмот за исхрана и тренинг

Влатко Зорба

Димитриевски за наводната кривична против него: Класична злоупотреба на инструментите на власта

Влатко Зорба

Орбан со поддршка за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори (ВИДЕО)

Влатко Зорба