Политика

Гаши очекува Алтернатива да биде дел од владата

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши е оптимист дека ќе се формира нова влада и пред истекот на 20те дена по доделувањето на мандатот, како и дека нивната коалиција со Алијансата за Албанците ќе биде дел од неа.

-Сепак, до мандатаорот е и до бројките. Би сакал тоа да сме ние, но не сме во позиција сега да преговараме ниту да наметнуваме. Нашиот дел е кажан, јасно сме кажале кои се нашите позиции. Коректно сме позиционирани и во однос на ДУИ и во однос на македонските политички партии, не сакаме никого ниту да фаворизираме, ниту да хендикипираме. Мислам дека е многу битно затоа што минатата влада и сите минати влади бевме исправеи пред многу тешки предизвици и прашања како решавање на спорот со името, Договорот со Бугарија… Сега првпат мислам дека бродот ќе ни заплива во помирни води, не дека внатрешните прашања се помирни, но навистина крајно време е да се занимаваме со најсуштествените работи кои ги задираат најдлабоко интерсите на граѓаните – економија, здравство, правна држава, образование, .. рече Гаши во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ канал 5.

Оптимист сум, наведе, дека ќе се направи влада, добра влада. Очекувам дека ние ќе бидеме дел од таа влада, ако успееме нашите програмски определби и предизборни ветувања да ги ставиме, да бидат дел од изборната програма. Очекуваме дека ќе надојде многу интересен момент, каде ќе треба да работиме сите заедно и да покажеме дека треба да престанат некои практики на политичко одмаздување и внатрешна битка, рече Гаши.

Поврзани вести

Јакимовски: Кој и да формира влада, таа ќе биде нестабилна и нема долго да трае

ДОМ: Долгоочекуваната одлука ја исправи грешката од октомврискиот самит на ЕУ

Влатко Зорба

Шахпаска: 27.000 семејства примаат за 300% повисока социјална помош (ВИДЕО)

Влатко Зорба

СДСМ: Граѓаните одбраа европски пат, економија и правда, следува Влада која ќе испорача

МТСП: Во тек е третата дополнителна исплата на права од социјална и детска заштита за август

Влатко Зорба

Лидерите на политичките партии пристигнаа на средбата со Спасовски

Влатко Зорба