Политика

Ѓорчев во САД се сретна со сенаторот Тед Круз

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САД Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон.

„Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник“, вели Ѓорчев, цитиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев, остварил средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година.

„Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија“, истакнал Ѓорчев на средбата.

Тој при посета во Вашингтон остварил средби со Републиканецот Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега.

Ѓорчев имал и свое обраќање во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници – сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.

Поврзани вести

Царовска: Како што расте економијата и минималата плата, така ги зголемуваме и пензиите

Влатко Зорба

СДСМ предлага обезбедување на минимална плата од 14.500 денри за април и мај

Мицотакис: За нас приоритет е заштитата на името и угледот на нашата Македонија и нејзините производи

Влатко Зорба

Робертсон: Одличен ден за Македонците, аспирацијата на генерации е чекор поблизу до реалноста

Влатко Зорба

Спасовски: За две и пол години отворивме нови 54.000 работни места (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Петров: Мерките обезбедуваат паричен надоместок за занаетчиите и оние кои останале без работа (ВИДЕО)

Влатко Зорба