Политика

Ѓорчев: Не може да доброиме каде се семејството на Заев има плантажи со марихуана

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на гостувањето во „КликПлус“ на ТВ21, изјави дека освен коцкарници и марихуана, лидеротна СДСМ, Зоран Заев во Македонија не донел ништо друго.

– Семејството на премиерот, не може да доброиме каде се не има плантажи со марихуана, гледаме која е загриженоста на меѓународните институции во врска со сето тоа и врв на сето тоа, неколку дена пред доаѓање на техничката влада имаме тендер од владина институција, кој вели ќе набавиме коцкарски машини во вредност од 15 милиони евра, значи 1.500 коцкарски машини, купени со пари на граѓаните, за овој народ да се коцка, вели Ѓорчев.

Тој рече и дека програмата на СДСМ за живот, се претворила во програма за егзодус.

– Во 2017 година СДСМ имаше шанса да направи голема промена во Македонија, беа ветени големи зборови, огромни работи во т.н. програма за живот во Македонија којашто се претвори во програма за егзодус од Македонија, заминување и иселување. Факт е дека 100 години наназад имало иселување и гурбет од Македонија, но она што се случува изминативе три години е невидено во историјата на земјава, смета Ѓорчев.

Поврзани вести

Во Собрание ќе се расправа за заемот за автопатот Кичево – Охрид

Влатко Зорба

Богоев: Градиме заедница која одговара на потребите на граѓаните, а не на урбаната мафија (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Пендаровски: Законот за дискрминација беше исчекор кон европските принципи и правила

Средба Спасовски-Чакрабати: Европската банка за обнова и равзој (ЕБОР) е значаен партнер на Северна Македонија со финансиска поддршка

Никола Поповски

Стерјовски: Македонците од ЕУ бараат отворање преговори со Македонија и со Албанија

Влатко Зорба

Демократски сојуз: Потребен е силен синдикат кој што ќе ги штити правата на работниците