Политика

Гошев: Ангеловска знаела што ќе се случи со Еуростандард банка и ги повлекла своите пари

Поранешниот прв човек на Народната банка, Петар Гошев во изјава за ТВ24 смета дека министерката за финансии, Нина Ангеловска ја злоупотребила својата положба со повлекувањето на парите од банката, оти како дел од Комитетот за финансиска стабилност таа цело време знаела каква е состојбата во банката.

– Министерката во мирување се грижела за своите пари. Јасно е дека таа ги извлекла тие пари, јасно е дека таа можела да има информации за банката, за она што ја очекува банката, затоа што таа е член на Комитетот за финансиска стабилност, таков е формиран јас кога бев гувернер и на тие седници се дискутираат слабите точки во финансискиот сектор, во случајов банкарскиот. Таа дефинитвно имала информации за тоа што може да и се случи на оваа банка и како што гледаме пред 2 месеци ги извадила тие пари. Во моментот на повлекувањето немало формална забрана депоненти да извлечат пари, но тука имаме искористување на положбата. Ако нема кривично дело врз основа на закон, во секој случај тука има голем етички проблем, вели Гошев.

Поврзани вести

Управниот суд ќе ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и МОРО

Берлин: С. Македонија да ги започне преговорите со ЕУ ​​до крајот на годинава

Влатко Зорба

СДСМ: Решен е децениски проблем, 12.000 стечајци добиваат по 8.200 денари до пензионирање

Влатко Зорба

Мицкоски: Лидерот на Интегра бил финансики мотивиран за да направи штета во опозицијата

Берта Китинска

Царовска: Ниту една Влада досега не направи толку многу за да го подигне квалитетот на живот на Ромите (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Не може да живееме затворени и со рестрикција, вели Филипче

Влатко Зорба