Политика

Граѓаните може да пријават во Хелсиншки прекршување на избирачкото право

Хелсиншкиот комитет за човекови права со оглед дека денеска почна гласањето за предвремените парламентарни избори ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право во Комитетот, на телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436, или на [email protected]

Хелсиншкиот комитет соопшти дека неговата канцеларија ќе биде отворена и в среда, 15 јули, од 7 до 21 часот. Апелира до граѓаните задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, за да го заштитат своето и јавното здравје.

Денеска почна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, а утре ќе гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старечки домови и внатрешно раселени лица.

Поврзани вести

ФОТО: Димовски и Милошоски на зелениот кров на ГТЦ

Царовска од Козјак: Создавање еко држава останува наш врвен приоритет и во наредниот период

Чулев за РСЕ: Мерките против коронавирусот се преземаа поради менталитетот на луѓето (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ДУИ: Не сме запознати со иницијативата на СДСМ за свикување седница, одлуките треба да се носат со консензус

Берта Китинска

Заев: Покажавме дека има пари и враќавме пари назад кон граѓаните

Пендаровски – Хависто: Очекуваме одлука за почеток на преговорите за време на финското претседавање со ЕУ

Влатко Зорба