Политика

Грчева: Македонија е целата дивоградба

Не се работи само за Охрид кој не треба да го изгуби статусот на УНЕСКО, меѓутоа за жал ние имаме Зелена партија која не е на терен. Македонија е целата дивоградба, истакна претседателката на политичката партија „Глас за Македонија“, Солза Грчева во вечерашното изданије на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Оставете ги акциските планови, продолжува таа, „ние сме потонати во ѓубре“.

– Ние сме најзагадена држава, бидејќи веќе нема град кој што не е загаден, изјави Грчева.

Според неа, штом има закон за легализација на дивоградбите, тогаш тоа автоматски значи дека власта има намера да го легализира целиот тој хаос, само како што истакна, „прашање е за колку пари тоа ќе се направи“.

Поврзани вести

Јанева и кажа на Стефанова „ороспијо и гомнарке“

Влатко Зорба

Обвинувања за опструкции и партиско делување во првите денови на техничката Влада

Мираковска: Свесни сме за проблемите на ЕУ, но нејзиниот кредибилитет почива на одржување на ветувањата

Димитров демантира: Лажна вест е дека не сум побарал од Обвинителство да се испита информацијата за мојата наводна оставка

Александар Петровски

Борисов за 24 часа: Го советував Заев да не си дава оставка

user3

ВМРО-ДПМНЕ најави обединување на десницата (ВИДЕО)

Влатко Зорба