Политика

Груби: Нема промена на изборниот модел

Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кој не се предвидува промена на изборниот модел.

-Вчерашната средба, беше неформална средба на ентузијасти. Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел, изјави Груби.

Според него, апсурдно е да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

Поврзани вести

Николоски: Проблемот со Бугарија нема да се реши со инфериорност

Влатко Зорба

Македонија категорично заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ, вели Османи

Влатко Зорба

БЕГ денеска го пушта парното греење поради ниските температури

Влатко Зорба

Спасовски: До неодамна беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за кој било член на Влада

Влатко Зорба

Села: ДУИ постојано прави притисоци последните денови

Влатко Зорба

Мицкоски тврди: Она што денес го збори Захариева, Заев го има ветено

Влатко Зорба