Политика

Груевски за „ФАЦ“: Со политика веќе немам намера да се занимавам

„Омилениот бегалец на Орбан“ поранешниот македонски премиер Никола Груевски во интервјуто за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг вели дека се надева на правда по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но истата планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови. Со политика веќе нема намера да се занимава, пренесува Дојче Веле.

На прашањето дали неговиот случај може да се смета и како пресметка меѓу левицата и десницата во Европа, Груевски одбил да одговори. Објаснува дека повеќе не ја следи меѓународната политика толку многу. За време на едноипол годишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш.

Поранешниот премиер избега од Северна Македонија на илегален начин во ноември 2018 година пред да се јави на издржување двегодишна затворска казна, откако беше правосилно осуден во случајот со набавката на службено возило.

Уште додека бил пратеник, тврди Груевски во ФАЦ, преку посредници му било нудено да гласа за Преспанскиот договор во замена за ослободување од кривичен прогон или намалување на казната. Тие посредници му биле директно испраќани од ексшефицата на СЈО Катица Јанева и од премиерот Зоран Заев.

Новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс пишува дека водел три долги, повеќечасовни разговори со Груевски-два во Скопје пред неговото бегство во Унгарија, и еден во Будимпешта- со вкупна должина од повеќе од 6 часа. Повеќето од разговорите биле снимани, освен еден, кога двајцата опуштено разговарале во скопскиот ресторан Пелистер, каде според Мартенс, Груевски бил постојано поздравуван од гостите и од граѓаните кои сакале да се сликаат со него.

Поврзани вести

УЈП должници: Бајруш Сејдиу, Бујото Инженеринг, Хисар Туризам,1ТВ, ФК Вардар

Влатко Зорба

Заев – Тимерманс: Остварувањата на Северна Македонија треба да се испочитуваат

Влатко Зорба

Уставен утре ќе одлучува за прашања поврзани со изборите

Околу 12 илјади невработени лица ќе се вклучат во активни мерки за вработување

Влатко Зорба

Спасовски: За секоја „бомба“ мора да се постапи без оглед за кого се работи

Влатко Зорба

Одбележување на 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Влатко Зорба