Политика

Хаѕидакис: Очигледно дека не го сакаме договорот, но рековме дека ќе го почитуваме

Министерот за енергија и животна средина на Грција, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај изјави дека треба будно да се следат случувањата во Северна Македонија, како и дека иако актуелната грчка влада не се согласува со Преспанскиот договор, тој мора да се почитува.

„Очигледно дека не го сакаме договорот, но рековме дека ќе го почитуваме и ќе се бориме за колку е можно повеќе да го подобриме. Но, не рековме дека не сакаме европска перспектива на Скопје. Кажавме дека сакаме под услови и предуслови, доколку Скопје се усогласува со европското законодавство“, рече Хаѕидакис .

Во врска со тоа дали евентуалниот развој на настаните во Северна Македонија би го ставил во опасност Договорот од Преспа, тој објасни дека станува збор за меѓународен договор што е на сила, а тоа ги обврзува и Скопје и Атина.

„Ова го кажувавме и пред изборите. Ни велеа: „Добро вие кога ќе дојдете нема да го смените договорот?“ И велевме: „Луѓе договорите обврзуваат во рамките на ОН, тоа е меѓународното право на договорите. Во спротивно, ќе дојде, да речеме Турција и утре-задутре ќе каже нам не ни се допаѓа Лозанскиот договор, ќе го смениме“, рече Хаѕидакис

Поврзани вести

ЗНМ спомнато осум пати како референтна организација во Извештајот на Стејт Департментот во делот за медиумите

Влатко Зорба

Насер Зибери е изборот на Ахмети за премиер

Богојески: Клучен фактор за создавање на новата влада ќе биде токму Македонски концепт

Манчевски: Планираме целосна проверка на работењето на судиите, оној кој не работел според закон ќе треба да одговара

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен бидејќи народот ќе гласа за својот интерес, а не за интересот на соседните политичари

Деркоски: Би било многу незрело да одиме со непрочистен изборен список на избори