Политика

Холандија го ратификуваше протоколот за пристапување на С.Македонија во НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, сподели Министерот занадворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

До сега, Договорот го ратификуваа 26 земји членки, и тоа: Албанија, Данска, Полска, Грција, Турција, Белгија, Германија, Португалија, Естонија, Луксембург, Бугарија, Летонија, Романија, Канада, Италија, Хрватска, Литванија, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Република Чешка и последно, Соединетите Американски Држави и Холандија.

Остануваат уште три држави кои треба да го ратификуваат Пристапот на земјата во НАТО Алијансата. Тоа се Исланд, Франција и Шпанија.

Официјалното членство се очекува да се случи во февруари 2020 година, поради закажаните избори во Шпанија.

Поврзани вести

Мицотакис со честитка до Заев: Спремност за зајакнување на соработката на политички и економски план

Никола Поповски

Османи: Да ги оставиме партиските и политичките тактики да се најде консензус за избори

Иднината на Западен Балкан е во Европската унија, вели Вархеји

Берта Китинска

Спасов: Кога ќе го најдат Панчевски за притвор, нека ме повикаат и мене за изјава

Никола Поповски

Кога ќе престане вонредната состојба, ќе продолжат да течат роковите за изборните дејствија, вели Спасовски

Влатко Зорба

Петров: Зоран Заев не ги разочара Албанците, ние не ги делиме граѓаните на северџани и националисти