Политика

Изборите се поизвесни – политиката полека ја засенува пандемијата со коронавирусот

Двете најголеми партии од македонскиот блок излегоа со првични проценки за терминот за избори. За СДСМ, најоптимално би било изборите да се одржат кон средината на јуни, а за ВМРО-ДПМНЕ најбрзо што можат да се создадат услови за избори е средината на јули.

Двајцата лидери на партиите вчера на гостувањето на телевизија 24 останаа на своите добро познати ставови околу одржувањето на изборите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека доколку ситуацијата со коронавирусот дозволи одржување на избори, тогаш има доволно веме до средината на јуни да се завршат сите активности.

– Мора да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори. Најоптимално, тоа би било во средината на јуни, порача Заев.

Дополнителни причини за одржување на изборите во најкраток рок, според Заев, се и можниот втор пик на вирусот, немањето Парламент и постоењето на техничка, а не политичка влада.

Неговиот опомент Христијан Мицковски останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од коронавирусот и во здравствена и во економска смисла. Најбрзо што може да се создадат услови за избори, според Мицковски, е средината на јули со оглед на тоа што и ако теоретски не се продолжи вонредната состојба, која истекува во средината на мај, на ДИК и се потребни најмалку 50-до 60 денови за подготовка.

Не треба да има сега избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сега сме во епидемија односно пандемија, во која на дневна основа се бројат луѓе кои се заразени и луѓе кои го губат животот. Не е во ред, смета Мицковски, во ек на кампања, да се бројат новозаразени и евентуално починати лица.

И министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека доколку епидемиолозите и експертската јавност проценат дека има услови за одржување на избори, тие треба да се одржат.

Поврзани вести

Чулев: Притисокот е безкруполозно да ги казнуваме граѓаните за ограничувањето на движењето

Касами: Собраниското мнозинство во иднина ќе се зголеми

Александар Петровски

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа, имаа средба со ДИК

Владата на СДСМ гради позитивна бизнис клима

Александар Петровски

Османи ги прими копиите од акредитивните писма од новоназначениот амбасадор Милан Предан

Александар Петровски

СДСМ: Економските мерки им помагаат на фирмите, досега исплатени над 40% од кредитната линија Ковид1