Политика

Избрани конгресните делегати од општинската организација на СДСМ за следните четири години

Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка во просториите на кино салата на Центарот за култура Крива одржа конференција за избор на делегати за Конгрес за мандатен период 2020-2024 година.

– Конференцијата беше организирана согласно сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Михаил Дејановски, даде извештај од парламентарните избори. Гости на конференцијата беа Венко Филипче од комисијата за здравство на СДСМ и Борис Тунџев од комисијата за транспорт и врски на СДСМ. Филипче и Тунџев говореа за идните планови и активности на СДСМ во претстојниот период, информираат од ОО СДСМ, Крива Паланка.

На конференцијата едногласно беа избрани осумте делегати, претставници во конгресот на СДСМ за мандатен период септември 2020-септември 2024.

Поврзани вести

Ципрас му честиташе на Заев

Села, Гаши и Касами не одговорија позитивно на поканата за средба со Ахмети

Берта Китинска

Села до Пендаровски: Граѓаните на оваа земја никогаш нема да се согласат со откажувањето од ЕУ

Критиките кон Мизрахи беа за непочитување на законот, е не затоа што таа е жена, тврди Шкријељ

Влатко Зорба

Спасовски и министрите избрани за пратеници ќе ја земаат само платата за ангажман во Владата

Телефонски разговор Заев – Столтенберг

Влатко Зорба