Политика

Јовановиќ: Заев и Ципрас не се толку заулавени да си ги даваат синовите и ќерките заради политика

„Само глупаци може лошо да исчитуваат, квази новинари и злонамерници. Плусинфо констатира во насловот „Заев ја понудил ќерката за снаа на Ципрас за да се потпише Преспанскиот договор“. За ваков таблоиден наслов оние кои предаваат новинарство на факултетите пишуваат чисти единици, а неретко на студентите им велат дека факултетот им е промашен“, пишува Ненад Јовановиќ по повод текстот во Плусинфо, во кое ги цитираат зборовите на премиерот од неодамнешното интервју дадено за ТВ 24.

„Прво, секој нормален знае дека после тешки преговори, после бремето од „Преспанскиот договор“ во својата политичка, културна и економска тежина на двете земји, доаѓа до опуштање, доаѓа до олеснување, па се зборуваат тривијални теми, шегобијни, ослободувачки. Секој човек знае дека кога се завршува мачно преговарање, луѓето се приближуваат еден кон друг многу повеќе одошто претходно биле, па се перосонализира односот, односно се создава близина, така се отвара пријателство на двајца премиери, така се приближуваат и двете земји. Низ личен, интимен дијалог.

Тоа би требало да го знае секој еден добар новинар, тоа би требало да го знае секој еден човек кој за себе тепа дека е информиран.

Заев и Ципрас не се толку заулавени да си ги даваат синовите и ќерките заради политика од една страна, од друга, јас не познавам иоле релевантен новинар, барем оној што држи до себе и своите вредности, да извлекува вакви таблоидни паралели, и од еден тривијален разговор да врши гнасна пропаганда во корист на оној тиквар Мицкоски.

Новинарствот, а тоа се неговите основни постулати, служи за информирање, еманципирање и забава. Ни повеќе, ни помалку“, посочува Јовановиќ.

Поврзани вести

Пленковиќ: Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со С.Македонија

Заев за загадувањето: Да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје

Влатко Зорба

Заев: Барам чист мандат за да се покажеме на економски план

Денес се преземаат конкретни мерки против загадувањето, бројот на денови со висока загаденост опаѓа

Никола Поповски

ДС: Една изборна единица, за составот на Парламентот да биде реален одраз на волјата на граѓаните

Влатко Зорба

Георгиески: Уривањето на дивоградбите не е прекинато

Влатко Зорба