Политика

Калеска -Ванчева: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки од своите позиции во советите на АВМУ и НТВ

„Република Северна Македонија и оваа година бележи напредок кај слобода на медиумите во извештајот на Репортери без граници. Во споредба со минатата година напредокот на нашата земја е за три позиции. Додека пак во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година, имаме подобрување од 19 места. Во 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува“, вели денеска Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Репортери без граници во своите извештаи како проблем редовно го издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според Извештајот на оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Критика за работата и потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ. ВМРО-ДПМНЕ е последниот кочничар на медиумските реформи и последен столб на остатоците од груевизмот“, посочуваат оттаму.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ бара Јовче Ременски да биде суспендиран (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус

Влатко Зорба

Заев: Коронависрусот не затече и жалам што светот нема доволно капацитети да се справи

Влатко Зорба

Каракачанов со предлог: Заеднички пред Грција да се постави прашањето за поставување споменик на Гоце Делчев крај Баница

Берта Китинска

Касами се сретна со Филип Рикер во САД

Влатко Зорба

Пендаровски: Далеку сме од тоа да прогласиме победа над пандемијата, но факт е дека трендовите се надолни