Политика

Кочоска: Дали недвижниот имот на Еуростандард станува атрактивен за одредени кругови на власта? (ВИДЕО)

„Излегувањето во јавноста и информациите изнесени од сопственикот на пропадната Еуростандард банката отвораат три крупни дилеми: Првата, кои се тие субјекти кои пред време знаеле за пропаѓањето на банката со оглед на тоа што самиот сопоственик на банката посведочи дека во последниот период поголеми банкарски депозити биле изнесени од банката.Јавноста е веќе запознаена дека меѓудругото и министерката за финансии на само месец и половина пред пропаѓањето ги извадила и последните депозити од самата банка. Кои се другите субјекти кои ги повлекле самите депозити?“, прашува денеска Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Втората крупна дилема е дали е направено се за да се спаси банката, со оглед на тоа што сопственикот вели дека за истата биле заинтересирани и странски инвеститори. Третата крупна дилема која ја отвора сопственикот на банката е нејзиниот имот. Дали недвижниот имот станува атрактивен за одредени кругови на власта?“, вели Кочоска.

Поврзани вести

СДСМ: Граѓани внимавајте, извршителот Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе во населени места маскирани во компетентни кандидати

Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава партнер на регионот и светот (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ЗНМ со осуда за заканите на Јакимовски кон новинарот Чомовски

Влатко Зорба

Заев: Да им помогнеме на институциите преку наш личен пример (видео)

Берта Китинска

Срамно е десет милиони евра да им се дава на политичките партии од Буџетот, смета Пендаровски

Собранието со мнозинство гласови го донесе Законот за стратешки инвестиции