Политика

Кочовски од Левица порача да престанат да му се закануваат преку социјална мрежи

Членот на ЦК на Левица Бобан Кочовски и неговиот адвокат Драган Пешевски денеска биле повикани на распит во Основното Јавно обвинителствово Велес во улога на сведок-оштетен поради закани по неговото здравје и живот од страна на, според нив, одредени центри на моќ во земјава.

Кочовски во март годинава поднел пријава во СВР –Велес поради континуираните закани по неговото здравје и живот кој ги добивал преку социјалните мрежи, а поради неговиот ангажман во Левица.

-Се однесува на едно физичко лице кој заканите ги прави на фејсбук. Ова го прави одредени структура за што ќе оставам самите да претпоставите, која е. Тој прави се’ да ми наштети мене и на моето семејство, поради мојот ангажман во борбата за подобри работнички права од страна на Левица, потенцира Кочовски.

Појасни дека станува збор за кривична постапка во која одредено лице кое тој лично не го познава, а кој му се закани дека ќе го убие и ќе му наштети на неговото здравје, Заканите на фејсбук траеле до 1 март.

-Дали тоа беа само закани или негови вистински желби и идеи и дали тоа навистина можеше да го направи јас не би можел да знам,но затоа пријавив во МВР, а денеска дадов и исказ пред јавниот обвинител во Велес, појасни Кочовски.

Додаде дека незнае како ќе се одвива самата постапка но им порача на овие структури дека тој со овие нивни постапки само може да биде помотивиран и поупорен во борбата против нивните криминали.

Поврзани вести

Преку видеоконференција С.Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка

Берта Китинска

Предлог-законот за правата на заедниците пред собраниска Комисија

Никола Поповски

(ВО ЖИВО) Прес на министерот за здравство, Венко Филипче

Влатко Зорба

Калеска-Ванчева: Неодговорното однесување на Мицкоски изминативе години се потврди и за време на најголемата пандемија

Берта Китинска

СДСМ: Заев го има мандатот за да продолжи напред, Мицкоски останува назад

Берта Китинска

Мицкоски: Владата оди кон долг од над 65% од БДП (ВИДЕО)

Влатко Зорба