Политика

Колевски предупредува за негативни ефекти од брзото спроведување на ветингот

Ветингот на судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт, изјави за МИА првиот човек на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски.

– Сметам дека треба внимателно да се пријде кон оваа мерка. Таа треба добро да се осмисли. Да се осмислат целите на ветингот, да се дефинира по содржина и начинот на којшто ќе се спроведе. Понатаму, кој орган или кои органи или државни институции ќе треба да го спроведат, да се внимава тоа да не значи да биде директно мешање во правосудната власт од страна на извршната власт. Доколку се спроведе, треба да даде позитивни ефекти, а не да даде негативни ефекти. Состојбите во правосудниот систем не се баш на потребното ниво, па со ветингот да не се влошуваат понатаму, истакнува Колевски.

Претседателот на Советот на јавни обвинители вели дека треба да се размисли дали во овој момент е потребен или не ветинг на судиите и јавните обвинители.

Поврзани вести

Николоски: Заеви почнаа да го селат капиталот од Македонија

Влатко Зорба

СДСМ: На одбележување на 117 годишнината од смрттана гробот на Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното

Заев: Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу СДСМ и ДУИ

СДСМ: Економските мерки им помагаат на фирмите, досега исплатени над 40% од кредитната линија Ковид1

Димковски: Контролите ќе влијаат земјоделците да не ги палат нивите и стрништата

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја загрозува европската иднина на државата

Влатко Зорба