Политика

Кондарко: Деркоски си зема преголеми овластувања и ја користи позицијата за да промовира лични ставови

Членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Борис Кондарко во изјава за ТВ 21 вели дека првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски си земал преголеми овластувања и ја користи позицијата за да промовира лични ставови.

„Сметам дека не само со денешната изјава, него неколку недели наназад, претседателот на ДИК си зема преголеми овластувања, а со тоа би рекол преголема одговорност, од една страна да наложува на други институции што треба да направат, да поставува рокови, да определува дали во својство на Уставен суд дали некои уредби се важечки или неважечки и мислам дека тоа не се надлежности на ДИК, на никој од нас поединечно, и со тоа практично со изнесувањето на лични ставови, претседателот на ДИК ја користи позицијата во која се наоѓа, да промовира лични ставови и да дава свои толкувања“, посочи Кондарко во вестите на ТВ21.

Поврзани вести

ЛДП одлучија на претстојните избори да коалицираат со СДСМ

Stefanija Kuzmanovska

Измените на законот за служба во Армијата поминаа на владина седница

Влатко Зорба

Претседателот на словенечкиот Државен збор денеска и утре во посета на С. Македонија

Stefanija Kuzmanovska

МВР: Комисија разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот заради криминални проекти, Мицкоски нека учи економија, сега парите завршуваат кај граѓаните

ЕУ амбасадори: Продолжување на реформите, почитување на Преспанскиот договор и политички дијалог

Влатко Зорба