Политика

Костадинов кон Милошоски: Ве слушнавме дека нарачувате лустрација и вие ќе зборувате за правда?!

„Добро е да се види нервозата. Вие колега Милошоски ќе ни зборувате за прaвда? Вие имате образ? Вие се најдовте повикан да ја штитите и браните правната држава, вие кои ја уништивте, па сега ќе правите драмолетки“, истакна денеска во Собранието пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов.

Тој го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, да ги предаде боимбите за кои тврди дека ги има во обвинителството, бидејќи не се веќе правосудните институции како во време на ВМРО-ДПМНЕ и „Сваровски“ судството.

„Вас колега Милошоски ве слушнавме дека нарачувате лустрација. И вие ќе зборувате за правда?! Вие колега Милошоски почнувате да менувате бои како семафор, еднаш црвен, па жолт, а сега позеленувате, рече Костадинов, додавајќи дека во јавноста не треба да зборуваме за вашите разговори со Бетон Штип, со Езимит Штип, за купување на амбасадите.

„И вашата реакција во овој момент, ми го потврдува тоа. Овој закон ќе помине. Овој закон со сигурност претставува своевидна борба на правдата наспроти криминалот“, истакна Костадинов.

„Тешко е, мачно е, тероризирате, уценувате, се заканувате провоцирате, но нема да ви помине ниту теророт , ниту заканите ниту уцените. Република Северна Македонија ќе биде правна држава и држава каде за секој за кого во транспарентна судска постапка ќе се докаже дека сторил криминал дека се огрешил од законите, ќе одговара“, порача пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.

Поврзани вести

Ангелов: На добар дел од Бугарите воопшто не им е гајле дали Гоце Делчев бил Македонец или нивен

Никола Поповски

Владата даде зелено светло за автентичното толкување на член 11 од Законот за помилување

Влатко Зорба

Костадинов: Со мерката 14 500 денари за три месеци поддржани 120.000 вработени и 20.000 компании

Влатко Зорба

Трајанов: Без договорите со Грција и Бугарија далеку ќе бевме и од НАТО и од ЕУ

Влатко Зорба

ЛДП одлучија на претстојните избори да коалицираат со СДСМ

Stefanija Kuzmanovska

Николоски: Што е толку проблем СДСМ да се премисли за избори за два месеци