Политика

Костадинов: Ново амбулантно возило за струмичката болница до крајот на декември

„Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме со ладни глави. Го разбирам притисокот кај здравствените работници. Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница“, сподели портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов.

„Дополнително се правт напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија.

Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието.

Како политичар секогаш сум давал се од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност! Ситуацијата во овие моменти е сериозна и повикувам на одговорност. Почитувајте ги протоколите, носете маска, не се групирајте. Бидете одговорни кон самите себе, кон најблиските!“, додава Костадинов.

Поврзани вести

Протестите се организираат за да се разниша мнозинството на власта, вели Златев

Берта Китинска

Зекири позитивен на коронавирус

Никола Поповски

Рускоска: Одлуката на Уставниот суд може да ги амнестира сите за „27 април“

Влатко Зорба

Мицкоски заедно со пратеничката група се упати кон вилата на Водно

Берта Китинска

Дервишова бара да се запре со сите рестриктивни мерки, д-р Даниловски и порача да си ги освежи своите знаења од вирусологија

Пратениците на СДСМ ќе го поддржат законот за отпад

Никола Поповски