Политика

Костадинов: Со мерката 14 500 денари за три месеци поддржани 120.000 вработени и 20.000 компании

„СДСМ, преку Владата којашто ја предводи, презеде ефикасни и навремени економски мерки за помош на граѓаните и економијата во справување со последиците од коронавирусот“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Благодарение на навремената реакција, во нашата држава се спасени стотици илјади работни места и помогнати се десетици илјади компании.

Фактите потврдуваат.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Ова, почитувани, не се само обични бројки, ова не е само обична статистика. Ова се реални работни места во нашата економија.

Покрај компаниите, финансиска поддршка добија и самостојните вршители на дејности. За месеците април, мај и јуни беа поддржани близу 6.000 вршители на самостојни дејности а вкупната поддршка изнесува над четири милиони евра.

Во тек се подготовките на четвртиот пакет антикризни мерки кој наскоро ќе биде презентиран и кој ќе донесе уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, за нашите граѓани, за нашата економија“, вели Костадинов.

Поврзани вести

Реакција на Георгиевски: Договорот коj вие го објавувате е само продолжување на договорите на времено вработените лица

Берта Китинска

Рангелова ослободена од одговорност, бара соочување со Мицкоски

Берта Китинска

Реакција на Општина Кисела Вода: Секогаш кога изведуваме градежни активности, внимаваме истите да бидат квалитетно изведени

Влатко Зорба

Зголемувањето на данокот на моторни возила дел од еколошките мерки

Влатко Зорба

Груевски ти го дал земјиштето, ВМРО-ДПМНЕ ти го дало, му вели Трипуновски на градоначалникот на Конче (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Заев, Димитров и Османи на онлајн средба со Борел, очекува што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција

Влатко Зорба