Политика

КСС со предлог деновите од 4 до 20 април да бидат неработни

Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа денеска испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.

Причината за ваквиот предлог, како што наведуваат во денешното соопштение, се предвидувањата дека пикот на пандемијата ќе биде кон средината на април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден на 12 април, Православниот Велигден на 19 април. – Оттука претпоставките се дека заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното, велат од КСС.

Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.

– До овој момент поддршка на платформата дадоа: Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна, се наведува во соопштението.

Предлагаат Владата да апелира до верските заедници да упатат повик до граѓаните претстојните верски празници да ги поминат во домашна атмосфера со своите семејства.

Поврзани вести

Заев: За политичари кои дрско, арогантно и безобразно кршат здравствени протоколи, не треба да има место во политиката

Влатко Зорба

Поповски: Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и по изборите

Влатко Зорба

Заев: Владата го осудува поведението на навивачката група со кое се предизвикува омраза и раздор

Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ најави протести во Охрид и Прилеп

Влатко Зорба

Царовска одговара на незгодни прашања (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Димитриевски: Верував и сè уште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот