Политика

ЛДП одлучија на претстојните избори да коалицираат со СДСМ

Членовите на Централниот одобор на ЛДП одлучија на претстојните избори да коалицираат со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.

– На Централниот одбор на Либерално-демократската партија што се одржа вчера, членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери, вели Милевски.
ЛДП дискутираше и ги утврди кандидатите за пратеници кои дополнително ќе се промовираат во јавноста.

Потсетување дека на минатите парламентарни избори од ЛДП три пратеници кои влегоа во Собранието, две се жени. Речиси 50 отсто од советниците на ЛДП во општинските совети се жени.

– Ние на овој интернационален ден на жената како либерали бараме родова еднаквост во општествово. Морам со гордост да истакнам и дека од четири потпретседатели во партијата, две се жени. Жените во нашата партија имаат одговорни функции, не поради квоти, туку поради квалитетот и исполнителноста, додаде Милевски.

Поврзани вести

Левица ја нарече одлуката за поскапување на струјата „ненародна“ и бара укинување на РКЕ

Влатко Зорба

Атанасов: Со кој патем некој се обидува да преговара за етнички идентитет на Делчев?

Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ: Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително да се седи дома за продолжениот викенд

СДСМ: Мицкоски го брани криминалот на Груевски по секоја цена

Влатко Зорба

Димитров: Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација

Влатко Зорба

Павле Трајанов: Не може да прифатам во ова време кога Македонија веќе де факто е членка на НАТО, за министер за внатрешни работи да се предлага офицер, генерал или полковник

Никола Поповски