Политика

Леов: Зголемувањето на минималната плата е акцелератор за покачување на сите плати (ВИДЕО)

„Од држава во која работникот беше маргинализиран, бизнисите завршуваа со катанец на врата, а макро и микро економијата на државата тонеа, денес, имаме економија која е стабилна и развојна, конкурентни бизниси и мотивирани работници. За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за цели 5.500 денари“, вели денеска Златко Леов, член на Комисијата за економија на СДСМ.

„Минималната плата почнувајќи од декември е порасната на 14.500, со тоа 66 илјади денари или 1100 евра годишно дополнителни средства ќе имаат граѓаните со најниски примања. Заврши времето кога работниците беа дискриминирани, заврши времето на поделби, денес сите работници примаат еднаков минимален месечен надоместок без разлика во која област работат. Токму минималната плата е акцелератор за покачување на сите плати, со што спиралата за раст на платите продолжува да носи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните“, вели Леов.

Поврзани вести

Јосифовски: Собранието е единствен орган кој дава амнестија

Влатко Зорба

Кои се новите министери кои за прв пат седнуваат во Владата?

Берта Китинска

СДСМ: Силјановска збунета во Собранието гласаше против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори

МВР промовира мобилна апликација за постапување на полициските службеници при избори

Влатко Зорба

Политичките парти ќе се жалат до Управен, Кекеновски се закани со кривична пријава против ДИК

Села: Избори на пролет, ако нема датум за ЕУ

Влатко Зорба