Политика

Левица: Работниците во „Брако“ работат незаштитени

Во велешката компанија „Брако“ работниците  работат незаштитени подолго време, при што маските кои ги добиле за еднократна употреба им било наложено дома да ги перат, обвинуваат во Левица.

Според нивните информации и родителите кои побарале да го оставарат своето право согласно препораките на Владата не добиле дозвола да отсуствуваат, при што работниците поради страв од отказ не сакале да проговорат јавно.

– Се работи за компанија која само во 2018 година оствари приход од 27 милиони евра и  профит од 1,1 милиони евра, додека вработените работат во мизерни услови и без никаква заштита за време на пандемија, велат од Левица.

Неодамна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека ќе се национализираат сите фирми кои профитираат за време на светската пандемија, па според партијата, експремиерот треба да почне токму од оваа компанија.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ бара денес да се распушти Собранието

Влатко Зорба

Маричиќ: Доаѓа сметката за лажниот патриотизам и за лицемерната политика

Влатко Зорба

Пленковиќ и Макрон разговарале за отворањето преговори со Северна Македонија

Влатко Зорба

Кузевска: Нема ништо полицемерно од тоа Мицкоски да ветува повисоки плати во образованието (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Во Собранието ќе се одржат седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија

Џафери на Самит на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и ЕП во Брисел

Stefanija Kuzmanovska