Политика

Лукаевска: Имаме пораст на поврат на ДДВ за 43 отсто во однос на 2016 година

„Парите ги враќаме назад кај граѓаните. Од први декември почнуваме со повратот на Мој ДДВ, со што околу 3 милиони евра влегуваат назад на сметките на граѓаните“, истакна членката на ЦО на СДСМ Сања Лукаревска на денешната трибина во Гостивар.

Таа додаде дека од 1 јули оваа година, скенирани се 38 милиони сметки, што е показател дека мерката Мој ДДВ функционира.

Лукаревска порача дека нема „никогаш повторно да се дозволи институциите да бидат за лична корист“ и „никогаш повеќе да се примени принципот на пиштење и вриштење“.

– Покрај Мој ДДВ, одлично функционира и повратот на ДДВ кај правните лица, па ако споредиме 2019 година со 2016 година имаме пораст на поврат на ДДВ за 43 отсто. Само така ќе одиме напред, ако сите се грижиме и работиме чесно и исправно, во интерес на граѓаните на целата наша држава, посочи Лукаревска.

Поврзани вести

Чулев: Не е постапено по пријавата од Топлификација

Влатко Зорба

Началникот на СВР Скопје, Ставревски води состанок на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Дводневен состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на ЈИЕ

Влатко Зорба

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Славески се против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните

Влатко Зорба

Локвенец по средбата со Конве – Муре: Единственото решение е полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ

Влатко Зорба

Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Влатко Зорба