Политика

Лукаревска: На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас (ВИДЕО)

„Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето“, изјави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор. Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули. Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него.

На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции“, посочи таа.

Поврзани вести

Продолжува изборната кампања: СДСМ во Кичево, ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, ДУИ во Гостивар

Царовска: Оваа Влада се бори против дискриминација, говорот на омраза, расизмот и другите форми на кршење на човековите права

Влатко Зорба

Георгиески: Уривањето на дивоградбите не е прекинато

Влатко Зорба

Заев: Ние имавме храброст и носевме одлуки, не калкулиравме со личниот и партискиот рејтинг

Силјановска: Бомбите кажуваат дека дошле со лажни ветувања

Влатко Зорба

Според анкетата на НДИ: СДСМ со предност од 3,6 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ