Политика

Манчевски: Следен пат кога ќе се повикува на проекти од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Стаменковска-Стојковски претходно да ги провери резултатите од тие проекти

„Дополнителната заменичка министерка Стаменковска Стојковски, продолжува да ги критикува успешно реализираните проекти во МИОА, изминатите 2 и пол години, притоа повикувајќи се на буџетирани, платени од граѓаните и никогаш незавршени проекти во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска, на ред е спроведувањето на функционалната анализа“, пишува на својот Фејсбук профил министерот Дамјан Манчевски.

„Важноста од спроведување на функционална анализа беше причината зошто уште во првите 6 месеци од промената на власта, ја подготвивме Методологијата за спроведување на функционална анализа, со поддршка од Британската влада. На овој начин, се даде јасна насока и се поставија темелите на тоа како треба овој процес да се спроведува.

Анкетниот лист усвоен на последната владина седница и испратен до сите институции, за кои таа обвинува денеска, не е замена за функционална анализа. Анкетниот лист е невозможно да биде пополнет, без институциите претходно да имаат спроведена анализа, согласно подготвената методологија!

Функционалната анализа се спроведува паралелно со ИПА проектот за реорганизација на јавната администрација. За успешна реализација на овој проект, во моментов во МИОА работат странски експерти со поддршка на фондовите на Европската Унија.

Потребата од спроведување на процес на реорганизација, доаѓа од хаосот којшто го наследивме по доаѓањето на власт.

Само за потсетување, во време на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно никнуваа нови институции, агенции, тела… со поклопување на надлежности, формирани со различни закони, без јасни линии на одговорност и отчетност. Па така, денес имам 3-4 различни регулаторни тела со исти надлежности…и ова е само еден од примерите со кои се соочивме. Целта за тоа била нови директорски позиции, задоволување на апетити за власт, оштетување на буџетот и се на товар на нашите граѓани.

Наша цел, од друга страна е преку реорганизацијата да ги поставиме јасно начелата на одговорност, да ги споиме институциите со исти надлежности, да го намалиме товарот врз буџетот и да ја зголемиме ефикасноста на јавната администрација.

Во однос на проектот за спроведување на функционална анализа од 2014 година, што Стаменковска-Стојковски го споменува, би ја посоветувал, следен пат кога ќе се повикува на проекти од времето на ВМРО-ДПМНЕ, претходно да ги провери резултатите од тие проекти. Колку за нејзино информирање, тој проект не ги даде очекуваните резултати, односно обврската за спроведување на функционална анализа, не беше завршена во скоро ниту една од институциите во државата.

Поврзани вести

Левица: Нови пријави од вработени во ЈСП, надлежните молчат

Влатко Зорба

Беса: Трајчевски со своите постапки се става во партиската служба на претходниот режим ВМРО-ДУИ

Влатко Зорба

Ципрас по средбата со Јункер: Разговаравме за важноста на Договорот од Преспа и потребата за почеток на преговорите

Влатко Зорба

Димитров на видео-конференција со Вархеји: ЕУ се покажа како вистински поддржувач на Западен Балкан во справувањето со пандемијата

Заев за реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија: Треба да правиме се што носи бенефит за нашиот народ

Влатко Зорба

Тимоние за состојбата во медиумите: Да се надмине големата политичка поларизација за сметка на професионалноста

Влатко Зорба