Политика

Мас во среда доаѓа во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Мас ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата, како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.

Ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

Покрај со Димитров, се очекува шефот на германската дипломатија да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Поврзани вести

Мицкоски се сретнал со Специјалниот претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка

Влатко Зорба

Спасовски: Имаме цврста политичка волја за интензивна и континуирана борба против организираниот криминал

Влатко Зорба

Шилегов: Сите редукции во функционирањето на администрацијата и на јавниот транспорт произлегуваат од препораките на КЗБ

Панајотопулос: Ако ние одбиевме, Бугарија или Турција ќе го надгледуваа македонското небо

Влатко Зорба

Средба на Мицкоски со заменик-координаторот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ

Влатко Зорба

Заев: Треба позитивна одлука СЕГА и ВЕДНАШ!

Влатко Зорба