Политика

Меџити: Албанскиот преставник во Владата го определува волјата на Албанците, а не волјата на сојузите и канцелариите

Изет Меџити од ДУИ во врска со вчерашното формирање на предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса, денеска на прес-конференција рече дека неговата партија тоа го оценува како свесна дефакторизација на албанскиот глас од овие партии.

– Вчера наместо да честитаме за големиот сојуз на малите албански партии, за жал констатиравме повторна и свесна дефакторизација на албанскиот глас од овие парти. Изразуваме жалење за неуспехот за обединување на малите албански партии кои не успееја да се соединат заедно поради лични интереси, рече Меџити.

Според него, потегот на овие партии е во спротивност со албанските интереси и претставува очајнички напор за спас на политичката сцена, додавајќи дека претопувањето во таканаречениот сојуз на Беса во СДСМ е нивен партиски интерес и одлука на раководството на овие партии.

– Сепак, при вчерашната најава на сојузот и во постојаниот наратив на македонските политички партии, се зборува за условувањето на ДУИ кон македонските партии за правата на Албанците. Двете македонски партии не се разликуваат и велат дека нема да се дозволи уценување на коалицирањето од страна на ДУИ, уценување за правата на Албанците и затоа бараат гласовите од граѓаните за да не се уценуваат од ДУИ, рече тој и додаде дека освен што ги бараат гласовите на Македонците, тие бараат и албански партнер за да не дозволат уценување.

За жал, како што рече, се нашла и една албанска маргинална партија која, според него, се стопила во наративот за спречување на уценувањето кон македонските партии од страна на Албанците, уценување за неселективна правда, за работни места за Албанците, за економски развој на албанските региони…

– Да, вистина е, ние ги условувавме македонските партии за промена на името на државата, за промена на Уставот, за да станеме дел од НАТО и ЕУ, за да имаме двојазична држава, за да имаме претседател на Собранието Албанец, за да постигнеме Договор со Бугарија, за ветинг, за работни места за Албанците, за унапредување на администрацијата и други. Ова наше условување ја донесе нашата земја во НАТО, на прагот на ЕУ и на целосната етничка рамноправност, рече тој.

Оцени дека „ова прогресивно условување ги натерало македонските партии да бараат и да најдат маргинална албанска партија која жедна за власт прифаќа безусловна коалиција“.

– Ние како најголема албанска партија и гарант на Охридскиот, Преспанскиот и договорот за добрососедство, имаме задача да ги заштитиме правата на Албанците и затоа не може да има Влада во ова земја без албанскиот победник на демократски избори. Албанскиот преставник во Владата го определува волјата на Албанците а не волјата на сојузите и канцелариите, заклучи Меџити на прес-конференција.

Поврзани вести

Европските лидери бараат да не се откажуваме и да продолжиме со реформите

Влатко Зорба

Димитров: Далеку сме од посакуван и можен договор со Северна Македонија

user3

Калевска -Ванчева: На дофат сме за целосен паритет во политиката

Влатко Зорба

Џафери: Не се прават промени на изборниот модел без консензус и пред избори

Влатко Зорба

Собранието денеска ќе ја продолжи 130-та седница.

Никола Поповски

Николоски во Ватикан на средба со Кардиналот Паролини (ВИДЕО)

Влатко Зорба